Англија со пресврт славеше против Словачка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата репрезентација на Англија ја обезбеди првата победа на Европското првенство за млади играчи.

Избраниците на Ејди Бутројд  ја победија соодветната репрезентација на Словачка со 2:1.

Словаците први дојдоа до водство во 23 минута со голот на Мартин Чирен кој со глава го совлада Џордан Пикфорд.

Сепак младите репрезентативци на Англија во вториот дел успеаја да направат пресврт преку Алфи Мосон и Натан Редмонд и ја обезбедија првата победа по воведното реми со репрезентацијата на Шведска.