Строл најголемо изненадување во Баку


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доста интересна и возбудлива трка видовме низ улиците на Баку за Големата награда на Азербејџан.

Даниел Рикиардо од Ред Бул забележа победа, прва за него по 13 трки. На втората позиција заврши Валтери Ботас кој во самиот финиш го мина најголемото изненадување Ленс Строл од таборот на Вилијамс.

Четвртата позиција му припадна на Фетел кој доби казна од десет секунди поради опасно возење и намерен судир со Луис Хамилтон. Британецот трката ја заврши на петтата позиција иако на 20 круга до крајот беше на првата позиција, но поради проблеми со болидот мораше да оди во боксот.

Следната трка во Ф1 е онаа за Големата награда на Австрија која се вози на 9 јули.