Барди меѓу десетте играчи кои ги импресионирале скаутите на ЕП во Полска

0

Енис Барди дефинитивно беше најдобриот поединец на нашата репрезентација на претстојното Европско првенство за млади фудбалери што се одржува во Полска.

Специјалистот за откривање млади таленти, Роб Мекензи, во специјална сторија за „Скај Спротс“ ги избра десетте фудбалери кои со сигурност влегле во бележниците на скаутите, и потоа детално го образложи неговиот избор.

Меѓу играчите кои ги посочи Мекензи е и нашиот репрезентативец Енис Барди. Еве што за него имаше да каже експертот за млади таленти:

„Еден од помалку познатите играчи на турнирот кој ги импресионираше скаутите до сега е Енис Барди.Оние кои се запознаени со Унгарската Премер Лига ќе бидат помалку изненади од неговите настапи за репрезентацијата на Македонија по одличната сезона во Ујпешт каде постигна 13 погодоци и имаше седум асистенции. Тој пропушти само 92 минути (од можни 900) во квалификациите, а неговиот квалитет со топката и неговото позиционирање беа импресивни на турнирот.

Прецизноста на неговото додавање заедно со техниката на шут од слободни удари го прави посебно опасен во последната третина од играта. Неговиот финиш против Португалија од работ на шеснаесетникот ја покажа неговата одлична техника. Неговиот недостаток на физички и природен ателтизам можеби ќе биде под знак прашалник кај скаутите, но јас би бил доста изненаден ако го видам и во следната сезона да го носи дресот на Ујпешт.“

Покрај Барди на списокот на Мекензи се најдоа и Марко Асенсио,Саул Нигез, Алфи Мосон, Тами Абрахам, Милан Скриниар, Лоренцо Пелегрини, Федерико Бернардески, Марк Оливер Кемпф и Макс Мајер.

Share.