Бафетимби Гоми се сели во Галатасарај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Свонси, Бафетимби Гоми се наоѓа во Турција за да го комплетира трансферот во Галатасарај.

Гоми на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија во авион под која напиша дека тргнал за Истанбул, а на фотографијата го има означено и фудбалскиот клуб Галатасарај.

Свонси за напаѓачот кој во 2014 година дојде како слободен агент на „Либерти“ ќе добие околу 2.5 милиони фунти.