Венус Вилијамск предизвикала сообраќајка во која има и жртва


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американската тенисерка Венус Вилијамс предизвикала сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.

Несреќата се случила на 9 јуни,но јавноста дури сега дознава за ваквата информација. Од полицијата немаат одговор зошто веста е откриена дури сега и се уште е без детали за несреќата.

Според американските медиуми до несреќата дошло откако Венус на раскрсница не почитувала предност, а друг автомобил удрил во нејзиното возило. Автомобилот бил управуван од Линда Барсон која се здобила со полесни повреди, но нејзиниот сопруг, 78 годишниот Џером Барсон починал во болница по последици од ударот.