Марка: Договор за Мората во следните неколку часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се блиску до договор за трансферот на Алваро Мората.

Ова го јавува шпанскиот весник „Марка“ кој се повикува на извори блиски до „Кралскиот клуб“.

Актуелниот шампион во Лигата на шампионите бара 80 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец, додека последната понуда на „Црвените ѓаволи“ била во висина од 75 милиони евра.

„Марка“ пренесува дека договорот е блиску и дека може да биде постигнат во следните неколку часа.