Неочекуван расплет, Јунајтед и Евертон се договорија за Лукаку


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот спортски медиум „Скај Спортс“ штотуку објави дека Манчестер Јунајтед и Евертон постигнале договор за трансфер на Ромелу Лукаку на „Олд Трафорд“.

Оваа информација доаѓа како гром од ведро небо со оглед на фактот што Лукаку се поврзуваше со трансфер во Челси, додека пак Манчестер Јунајтед беше пред ангажман на Алваро Мората од Реал Мадрид.

Според „Скај“ трансферот на Лукаку во редовите на Манчестер Јунајтед ќе изнесува 75 милиони фунти. Белгиецот ќе има медицински прегледи во текот на следните неколку дена и ќе се приклучи на составот кој ќе патува на турнеја во САД.