Димитров лесно до третото коло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бугарскиот тенисер без големи проблеми го совлада Маркос Багдатис со 3:0 (6:3, 6:2, 6:1) и на убедлив начин обезбеди пласман во третото коло.

Димитров го реши Кипранецот за само еден час и 40 минути и си закажа двомеч со победникот од натпреварот Села-Изнер.

Инаку претходно Ферер без напор обезбеди пласман во третото коло откако само по половина сет неговиот противник Дарсис го предаде мечот.