Каков расплет на настаните: Милош Теодосиќ потпиша за Клиперс !


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Српскиот репрезентативен плејмејкер, својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Лос Анџелес Клиперс,  пренесуваат американските медиуми.

Довчерашниот играч на ЦСКА од Москва наредните две сезони ќе го носи дресот на клубот од Калифорнија, а за две години, тој би требало да заработи 12,5 милиони долари.

Втората година од договорот е опција на играчот да одлучи дали ќе сака да продолжи, вели Адиран Војнаровски, најпознатиот НБА инсајдер.

Нема да биде лесно но 30 годишниот србин ќе се потруди да го замени можеби најдобриот играч кој некогаш играл за Клиперси, а тоа е Крис Пол кој потпиша за Хјустон.