Мареј и Федерер со сигурни победи за четвртфинале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Енди Мареј се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон по убедливата победа над Беноа Пер.

Шкотланѓанецот со убедливи 3:0 по сетови го совлада францускиот претставник (7:6, 6:4, 6:4), а борба се водеше само во првиот сет кој Мареј го доби во тај брејкот.

Во ¼ финалето Мареј ќе игра против Квери кој по голема борба славеше над Андерсон со 3:2 по сетови.

Роџер Федерер помалку неочекувано лесно го совлада Григор Димитров во осминафиналето со 3:0. Првиот сет Швајцарецот го доби за 34 минути со еден брејк кој го освои во деветтиот гем.

Во вториот сет Федерер доминираше во сите елементи на играта, додека пак во третиот сет видовме мала борба кога на брејк на Федерер следеше рибрејк на Димитров, но тоа беше се од Бугаринот и еден од најдобрите тенисери на сите времиња заслужено се пласираше во ¼ финалето.

Против Федерер во ¼ финалето ќе игра канадскиот тенисер, Милош Раониќ кој во многу возбудлив натпревар славеше против младиот Зверев.