Челси пред договор со Бакајоко


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ Челси е блиску до потпис со играчот на Монако, Тиему Бакајоко.

Бакајоко ќе има медицински прегледи во следните неколку денови, а доколку работите течат како што треба фудбалерот ќе се приклучи на тимот кој ќе патува за Кина и Сингапур во понеделник.

Претходно веќе беа закажани медицински прегледи во Лондон, но истите беа откажани поради мала повреда на коленото која францускиот интернационалец ја заработил минатата сезона.

Трансферот на 22 годишниот Бакајоко би требало да изнесува околу 35-40 милиони фунти.