Фото: Пол Џорџ го облече дресот на Оклахома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Поранешниот играч на Индијана, го поврзуваа со трејд во Лејкерси, во клубот за кој навива од дете, но наместо тоа тој беше трејдан кај Расел Вестбрук, кој си доби Ол Стар ѕвезда во својот тим, во името на Пол Џорџ, а тој деновиве и беше претставен како нов играч на Оклахома.

„Беше изненадувачки, не очекував дека ќе бидам трејдан кај Расел Вестбрук, Оклахома не беше на листата на тимови кој што беа заинтересирани за мене, но среќен сум што сум овде.“ – изјави Пол и додаде: „Да јас сум фан на Лејкерси, мојот идол кога бев дете беше Коби Брајант, но луѓето премногу зборуваат за тоа, сега сум тука и ако успееме со Вестбрук да изградиме нешто во наредната сезона, ако бидеме конкурентни сигурно дека јас ќе останам во Оклахома. Јас сум човек кој сака да победува.“ – јасен беше Пол Џорџ.