11. финале за Федерер на Вимблдон, ќе брка рекордна осма титула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роџер Федерер го победи Томас Бердих со 3:0 по сетови( 7:6, 7:6, 6:4) и со тоа се пласираше во своето 11. финале на Вимблдон.

Швајцарскиот тенисер ќе ја брка својата рекордна осма титула на неофицијалното светско првенство во тенис.

Федерер и покрај тоа што забележа убедлива победа од 3:0 не блескаше во полуфиналето. Томаш Бердих имаше свои шанси, но како многу пати во својата кариера не ги искористи.

Роџер Федерер во недела ќе го брка својот рекорден 19 трофеј на Грен слем натпреварувањата во своето 29 финале.