Солзи радосници: Мугуруза за прв пат го освојува Вимблдон !


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Битката за титулата во женска конкуренција на овогодинешното издание на Вимблдон ја доби шпанката, Гарбина Мугуруза, која во финалето денеска се соочи со американката Венус Вилијамс и ја осигура нејзината прва Вимблдонска титула.

Триесет и седум годишната американка проба да стане најстарата женска учесничка која освоила грем слем, но денеска немаше шанси против 14-ет години помладата противничка Мугуруза која ја збриша американката со 7-5 и 6-0 во сетови.

Тоа е втора голема титула за Мугуруза, откако го освои францускиот, „Френч Опен“, минатата година и стана првата шпанкиња која го освоила овој турнир уште од 1994 кога нејзиниот тренер Мартинез го освои турнирот.

Шпанската тенисерка со оваа победа заработи 2.2 милиони фунти, и се смести на второто место на женската ВТА ран листа.