Фаворитот од сенка или пак стариот добар Роџер Федерер ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Денеска во 15.00 часот ќе започне последниот натпревар од овогодинешното издание на Вимблдон, во големото финале на огромно изненадување на сите се најде хрватот Марин Чилиќ кој ќе му се спротистави на најголемиот Роџер Федерер.

Хрватот за кого ова е успех на неговата кариера да стигне до финале на гренслем не го криеше задоволството и рече дека ќе биде тешко но ќе даде се од себе.

„Да се игра против Федерер за титула на Вимблдон е, можеби, најголем предизик. Сепак, денешното финале е само еден меч за мене. Ќе бидам фокусиран на она што треба да го одработам на терен. Верувам во себе и своите можности и верувам дека можам да победам“, заклучи најдобриот хрватски рекет во моментот.

Иако многумина не го гледаа Федерер како сериозен кандидат за Вимблодн, тој уште еднаш ја потврди својата големина и се најде во самата завршница на можеби најголемиот тениски турнир.

„Ме разби на Ју-Ес опен. Се надевам дека во финалето нема да одигра толку добро. Лани имав, исто така, тежок меч овде. Беше брутално. Марин имаше 2:0 во сетови, а јас морав да спасувам меч топки. Одличен човек е, одличен тенисер. Долго се познаваме и среќен сум што ќе игра финале. Го заслужи низ овие две недели“, порача Федерер.