Федерер без загубен сет до тронот на Вимблдон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роџер Федерер го освои својот осми, рекорден трофеј на Вимблдон откако со 3:0 по сетови (6:3, 6:1, 6:4) славеше против Марин Чилиќ.

Финалниот меч за жал го обележа повредата на хрватскиот тенисер кој на почетокот на вториот сет не можеше да ги скрие солзите. Сепак стисна заби и до крај машки го одигра финалниот натпревар.

Ова е вкупно осми трофеј на Федерер во своето 11 финале на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон и сега има еден трофеј повеќе од Пит Сампрас и Вилијам Реншо.

Со освоениот грен слем трофеј Федерер ја зголеми предноста пред Рафа Надал со вкупно освоени титули на големите натпреварувања. Ова беше вкупно 19 грен слем трофеј за феноменалниот Швајцарец.