Дали ја знаете тајната формула на Кристијано Роналдо ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Последнит месеци од изминатата сезона беа неверојатни и импресивни за Кристијано Роналдо и затоа португалецот сака да чекори по истиот план и следната сезона.

Сигурно дека ќе има мали промени оваа сезона со оглед на тоа што овој пат напаѓачот на Реал е здрав и ужива во летото, за разлика од минатото лето кога мораше да се опоравува од повреда на коленото и пропушти три недели од почетокот на сезоната.

Дури и Пике призна дека феноменалната сезона која ја имаше Роналдо, ќе го однесе до освојување на најпрестижната награда Балон Д’Ор.

Планот на 32 годишниот играч е кога ќе дојде време за пауза во Лигата на Шампионите, односно кога би завршиле натпреварувањата во групи да си земе мал одмор како и минатата сезона и да не игра ниту во Шпанскта Лига, за да може свеж и одморен да притисне во завршницата од сезоната. Овој план функционираше минатата сезона, па затоа Роналдо сака повторно да го спроведе.

Само за потсетување, португалецот во завршницата од Лиата на Шампионите постигна 10 гола, навистина неверојатно, но оваа магична формула можеби е тајната за неговите одлични игри во завршницата од сезоната.