Видео: Несторовски и Трајковски расположени на стартот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Палермо забележа убедлива победа од 13:2 во првиот тест натпревар против австрискиот аматерски тим Бад Клајнкирхајм.

Илија Несторовски и Александар Трајковски се најдоа во тимот кој го одигра првото полувреме и беа најрасположните играчи на теренот.

Сицилијанците го добија првиот дел со 8:1, а шест од головите постигнаа токму нашите репрезентативци. Несторовски кој ја носеше капитенската лента на овој натпревар постигна четири погодоци, додека пак Трајковски зад своето име запиша два гола.