Барди несакајќи потврди- се сели во Леванте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе подолго време се шпекулира дека Енис Барди ќе го напушти Ујпешт и ќе се пресели во клуб од големите лиги во Европа.

Денес турските медиуми пренесоа дека Барди е пред трансфер во Леванте, а дека има вистина во овие најави потврди и самиот фудбалер со една фотографија која ја објави на неговиот Инстаграм профил.

Имено, Барди објави фотографија од градот Валенсија, а познато е дека Леванте е клуб од овој град со што навидум ги потврди шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во овој клуб.

Барди ги импресионираше скаутите на Европското првенство кое пред еден месец се одржа во Полска и сосема заслужено се сели во далеку поголем клуб од Ујпешт.