Одличен почеток на младите ракометари: Победа на стартот на СП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Македонските млади ракометари моментално се во Алжир и ја претставуваат нашата земја на Светското ракометно првенство за јуниори. Тие денес одиграа одличен натпревар отворија со победа против добро познатиот ривал Русија со 29-22.

На почетокот игравме доста наивно и со многу грешки, па затоа и резултатот од 10-11 со кој се замина на полувреме не беше изненадувачки, но во вториот дел нашите ракометари предводени од Филип Талески и Филип Кузмановски сосема го свртеа натпреварот, па така нашата селекција ја обезбеди високата победа. Во нашите редови блескаше на голот и Мартин Томовски, а и пикерот на Металург, Арсеновски кој постигна најмогу погодоци на овој натпревар вкупно осум.

Нашите момци следниот натпревар го играат задутре против Буркина Фасо.