Грифин се врати и потпиша нов договор со „Клиперс“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Ѕвездта на Лос Анџелес Клиперс, Блејк Грифин се врати повторно во градот на ангелите и потпиша нов пет годишен договор со Клиперс вреден 173 милиони долари.

„Овде се чуствувам како дома, овде бев драфтуван и сакам да останам овде. Лос Анџелес Клиперс е моментално најдоброто место за мене и мојата кариера.“ – изјави Грифин по потпишувањето на договорот.

Кошаркарот на Клиперс се повреди во дуелите од плејофот против Јута минатата сезона, но како што кажа тој сега се чуствува спремен и очекува да се врати во вистински ритам пред почетокот на сезоната.

Новиот договор вреден 173 милиони долари го обврзува Бејк Грифин да остане во Клиперс до 2022 година.