Дерик Роуз оди кај „Кралот“ во Кливленд ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Тимот на Кливленд Кавалирс би можел да придодаде уште еден МВП играч во нивниот ростер, во името на Дерик Роуз.

Овогодинешниот НБА шампион Голден Стејт солидно се засили, а тоа не му се допадна на „Кралот“ Џејмс кој им потенцираше на управата на Кливленд дека тие се тимот кој треба да се појачува, а не Голден Стејт.

По бурните реакции на Леброн Џејмс управата на Кливленд се фаќа за работа, а првото име кое би можело да го засили нивниот тим е поранешниот МВП играч Дерик Роуз кој сеуште е слободен агент.

Роуз минатата сезона играше во Њу Јорк, настапи на 64 натпревари и заработи 21 милион. Иако Кливленд има проблеми со „salary Cap“, како што пренесува ЕСПН големи се шансите некогашниот МВП играч на Чикаго да стави потпис на едногодишен договор со Кливленд.