Дали тоа треба да значи нешто: Барселона тргнува по Дибала ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тимот на Барселона планира да го доведе Паоло Дибала, ако Нејмар замине во Парис Сент Жермен.

Ако ПСЖ успее да го украде Нејмар од Барселона за неверојатната сума од 222 милиони тогаш Барселона би се насочила кон ангажирање на Паоло Дибала.

Сите фудбалери во Шпанија си имаат откупна клаузла која може да се активира доколку некој клуб понуди таква сума,иако клаузлата на Нејмар е неверојатно висока тоа не би било проблем за богатиот тим на ПСЖ.

АКо се случи тоа и бразилскиот репрезентативец премине во францускиот тим, Барса како што пренесуваат медиумите ќе се насочи кон двајца играчи а тоа се Кутињо и Дибала.

Кутињо веќе еднаш ги одби „каталонците“ но дали ќе одолее на втората понуда на Барселона останува времето да покаже. Додека пак „бјанконерите“ му рекле на Дибала дека може да се замине, но само ако станува збор за сума повисока од 120 милиони евра.