Македонија со прв пораз на Светското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Алжир откако со 32:27 беше надиграна од репрезентацијата на Тунис.

Нашите репрезентативци имаа голема шанса со победа сериозно да се  наметнат за следната фаза на шампионатот, но подлегнаа под притисокот и одиграа слабо против Тунижаните.

Избраниците на Иле Темелковски немаа решение за Скандер Заид кој постигна дури 14 погодоци за својата репрезентација. Кај нас најефикасни беа Филип Талески и Давор Палевски со по шест голови.

Шанса за пласман во следната фаза ќе бараме на следните два натпревари против Шпанија и Бразил.