Куман потврди дека Баркли ќе замине од клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Евертон, Роналд Куман истакна дека со стопроцентна сигурност очекува Рос Баркли да замине од Евертон ова лето.

Зборувајќи на прес конференција пред натпреварот со Ружемборк во рамките на Лигата на Европа, Куман изјави: „Неговата ситуација е претешка. Ние му понудивме добар договор, тој одби и ми кажа дека бара нов предизвик. Тој не е иднина на Евертон повеќе, тоа е негова одлука, но засега од бордот ми кажуваат дека се уште нема пристигнато понуда за него“.

За Рос Баркли најсериозен интерес има од редовите на Тотенхем, а како можна дестинација се споменува и Манчестер Јунајтед.