Македонија слави, младите ракометари се во четврт-финалето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија го оствари најголемиот успех во младинскиот ракомет со победата над Алжир и пласманот во четврт-финалето на Светското првенство.

Избраниците на Илија Темелковски во осминафиналето беа поуспешни од домашната репрезентација на Алжир со 24:20.

Првиот дел беше целосно израмнет, се играше гол за гол, а кога една репрезентација ќе се одлепеше  на два гола разлика, другата веднаш стигнуваше. Така, на одмор се замина само со еден гол предност за домаќините.

И во поголемиот дел од второто полувреме се играше израмнета игра. Последните десетина минути беа пресудни нашите ракометари доволно да се одлепат и да слават голема победа со што си обезбедија натпревар против големата Франција која е предводена од ѕвездата на Барселона, Дика Мем.

Предводник во нашиот тим на овој натпревар беше капитенот Талески кој постигна осум погодоци.