Попов продолжува во Кипар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогашниот репрезентативен бек, Горан Попов следната сезона ќе ја помине во редовите на Докса од Кипар.

И самиот Попов за македонскиот спортски дневен весник „Македонски спорт“ ја потврди веста дека од вторник ќе биде нов играч на кипарскиот клуб.

За Горан Попов постоеше итнерес и од неколку екипи од Русија, но струмичанецот се реши да направи трансфер во редовите на клубот кој заврши веднаш над опасната зона и за влакно се спаси од испаѓање во минатата сезона.