Ксавиер Темс си замина од МЗТ Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар, Ксавиер Темс повеќе не е играч на МЗТ Скопје откако денеска спогодбено го раскина договорот со „Металците“.

Темс со клубот од Аеродром имаше двегодишен договор, но сепак побара спогодбен раскин на истиот со образложение дека сака да игра во посилна лига.

Од клубот објавија дека Темс сам си ја платил оштетата и откако го сторил тоа добил раскин на договорот и сертификат за да може да настапува во нова средина.

Според информациите, Ксавиер Темс веќе е нов член на екипата на Бнеи Херцлиа.