Сагата на Нерленс Ноел продолжува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помина цел месец откако почна преодниот рок во НБА а младиот центар Нерленс Ноел сѐ уште нема потпишано договор со ниту една екипа.

 

Ноел сезоната ја заврши како играч на Далас Маверикс и се очекуваше да биде еден од главните слободни агенти на пазарот. Но, засега нема потпишано со ниеден тим.

“Причината за тоа е финансиска” – вели тој. “Ниту еден од договорите кои ми беа понудени досега не сметав дека беа доволно привлечни за да ги потпишам. Сепак очекувам набрзо да ја објавам и официјално мојата иднина во лигата.”

 

Постои тенка линија помеѓу одбивањето да се преплати некој играч и правењето тој играч да се почувствува непосакуван. А Далас се на пат да ја преминат таа линија. Најлогично решение и за двете страни би било доколку Далас и Ноел се договорат да ја продолжат соработката, за што побрзо играчот да се приклучи на припремите на тимот за наредната сезона. Дефанзивниот центар со неговите 23 години одлично се вклопува со останатите млади играчи во составот на Маверикс и се очекува заедно со Харисон Барнс и Денис Смит Џр. да ја состават идната победничка екипа на Далас.

 

За тимот од Тексас, Нерленс Ноел одигра 34 натпревари и имаше просек од 8,5 поени и 7 скока.