Скоти Пипен го поддржа Кајри Ирвинг: “Тој е суперѕвезда!”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната недела најголемата тема на разговор во круговите на НБА лигата е потенцијалното заминување на Кајри Ирвинг од тимот на Кливленд. Раководството потврди дека и тој самиот барал да биде разменет во друг тим кој ќе го третира како играч број 1 во тимот.

 

Последен кој даде коментар за оваа ситуација е шесткратниот шампион и некогашен соиграч на Мајкл Џордан, Скоти Пипен. Во изјавата која ја даде за ESPN тој го кажа следното:

“Силно го поддржувам Кајри бидејќи ја следам неговата кариера и знам што му се случуваше во Кливленд откако беше драфтуван таму. Мислам дека тој е суперѕвезда и треба да го следи својот инстинкт и да замине од таму. ЛеБрон Џејмс не е сигурен дека ќе остане во тимот по крајот на оваа сезона и Кајри не сака да биде заглавен во тим кој нема да има шанси за шампионска титула. Во моментов Ирвинг сака да ја зграпчи можноста и да замине пред да биде предоцна.”

 

Пипен знае како е да се игра во сенка на најдобриот играч во лигата бидејќи тој помина долги години во истиот тим со Мајкл Џордан. Но за разлика од Кајри Ирвинг, Скоти Пипен остана со тимот кој го драфтуваше и освои 6 титули.