Никола Миротиќ нема да се појави на Европското Првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Крилниот центар на Шпанија, Никола Миротиќ, објави дека официјално се повлекува од настапот на претстојното Европско Првенство во кошарка кое ќе се одржи од 31 август до 17 септември.

 

Објаснувањето за оваа одлука тој рече дека се должи на физичките и технички припреми за следната НБА сезона, како и на фактот дека Никола сѐ уште е без клуб и се бори да потпише нов богат договор со некој од тимовите во НБА.

Миротиќ минатата сезона ја помина во тимот на Чикаго Булс, каде поголемиот дел од времето го поминуваше како шести играч кој влегува од клупата. Имаше просек од 10,5 поени и 5,5 скокови и иако на хартија бројките кои тој ги постави не беа лоши, сепак мора да се напомене дека минутажата му варираше во текот на целата сезона.

 

Никола Миротиќ е роден во Црна Гора, но настапува за репрезентацијата за Шпанија бидејќи поседува и шпанско државјанство.