Ален Ајверсон повторно има проблеми со дисциплината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната ѕвезда на Филаделфија Сиксерс, Ален Ајверсон, викендов повторно се најде на насловните страни насекаде низ САД бидејќи не се појави на натпреварот на неговата екипа во Big-3 лигата.

 

Откако тој ниту го најави своето отсуство, ниту имаше објаснување подоцна за случајот, челниците на Big-3 лигата решија да ја испитаат детално оваа ситуација.

Поранешниот МВП на НБА лигата целиот викенд го поминал во Чикаго, каде што се коцкал со големи суми на пари и во неделата наутро бил забележан во ресторан во близина на Риверс Казиното во Чикаго носејќи ги истите алишта од претходните два дена. Целата приказна беше поткрепена со слики.

Ова не е првиот испад на Ален Ајверсон, кој беше познат по кршење на дисциплината уште додека беше активен кошаркар.

 

Big-3 лигата заедно со нејзиниот претседател, раперот Ајс Кјуб, сѐ уште нема излезено со официјална изјава во врска со евентуалната казна која ќе ја добие Ајверсон, иако се очекува тој да биде казнет парично поради прекршување на договорот со лигата.

Оваа лига се состои од тимови кои бројат по три играчи, од кои сите се пензионирани НБА кошаркари.