Официјално: Снајдер нов фудбалер на Ница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ница го потврди трансферот на Весли Снајдер кој во францускиот прволигаш доаѓа како слободен фудбалер.

Од редовите на Ница потврдија дека поранешниот член на Интер и Галатасарај ќе го носи дресот со број 10 во новиот клуб.

Снајдер е третиот играч кој има освоено Лига на Шампиони а пристигнува во амбициозниот тим на Ница по Данте и Марио Балотели.

Холанѓанецот успешно ги мина медицинските прегледи и уште денеска ќе ги започне тренинзите со својот нов клуб.