Лонзо Бол го одбра Леброн пред Коби!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Откако беше одбран со вториот пик на драфтот, Лонзо Бол привлекува многу внимание од медиумите. На припремите со кампот на Лејкерси тој беше запрашан за едно од најпопуларните прашања во НБА: Коби или Леброн?

 

Тинејџерот кој сега е член на Лос Анџелес Лејкерс го искажа своето мислење без да “упати удар” према ниеден од двајцата легендарни кошаркари.

“Аргументот дека Коби има повеќе титули од Леброн е валиден, но сепак мојот омилен играч е Леброн и тоа го кажувам уште од дете, така што го бирам Леброн.” – рече Лонзо.

 

Во новата сезона Лејкерси ќе бидат освежени со многу нови лица а од Лонзо Бол се очекува да биде централниот дел на оваа франшиза и околу него да се гради тимот во иднина.