Норис Кол доби понуда од Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Поранешниот член на Мајами Хит доби понуда да ја продолжи кариерата во Европа. Израелскиот клуб Макаби Тел Авив е силно заинтересиран за Норис Кол.

 

Макаби Тел Авив пристапиле до Норис Кол со понуда од едногодишен договор вреден 700 000 евра. 28-годишниот плејмејкер минатата сезона ја помина во тимот на Оклахома Сити Тандер, каде имаше ограничена минутажа.

Сѐ повеќе играчи од НБА си ја бараат среќата надвор од САД, па така Норис Кол би можел да биде следниот во таа низа.

 

Норис Кол беше дел од шампионскиот тим на Мајами Хит во 2013 година.