Македонските кошаркари повторно поразени, овојпат од Естонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше поразена на гостувањето во Естонија со 74 – 65 во рамките на европските претквалификации за СП 2019.

 

Избраниците на Јорданчо Давитков имаа позитивен резултат по одиграни три четвртини, но успеаја тоа да го прокоцкаат во четвртата откако играта во одбрана тотално се распадна а нападот беше неорганизиран и хаотичен.

Како и на минатите два натпревари, така и на овој најдобри стрелци беа Војдан Стојановски со 18 поени и Џордан Теодор со 19 поени. Но, премногу мала поддршка дојде од останатите членови на репрезентацијата затоа што сите останати играчи заедно постигнаа само 28 поени.

Во противничкиот состав најефикасен беше Сок со 15 поени.

 

Со овој пораз Македонија останува на второто место во групата Ц, но со натпревар повеќе во однос на Косово, кој пак заостанува само еден бод.