Карлос Делфино ќе и помогне на Басконија во подготовките


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Добро познато име ќе биде дел од тренинг-кампот на шпанскиот тим Басконија во текот на летово со цел да му помогне на составот да се припреми за претстојната сезона.

 

Станува збор за Карлос Делфино, крилниот играч кој беше дел од шампионската генерација на Аргентина на Олимпијадата во 2004 година. Делфино во понеделник ќе пристигне во Шпанија и ќе биде дел од тренинг-сесиите и подготовките на тимот.

Тимот на Басконија, како и многу други клубови од Шпанија, ќе има многу играчи кои ќе отсуствуваат од припремите поради претстојниот ЕвроБаскет.

 

Карлос Делфино ќе му се придружи на добро познатиот пријател од репрезентацијата на Аргентина, Пабло Приџони, кој е новиот тренер на тимот на Басконија.