ОФИЦИЈАЛНО: Раким Крисмас потпиша за Галатасарај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Галатасарај конечно го официјализираа потписот на нивниот стартен центар за следната сезона, и тој е од НБА калибар.

 

Раким Крисмас потпиша едногодишен договор со тимот од Истанбул а од тимот очекуваат тој да биде од голема помош во претстојната сезона, не само во домашното првенство туку и во ЕвроЛигата.

Тој инаку беше драфтуван со 36-от пик во 2015. 26-годишниот играч во минатата сезона играше за Индијана Пејсерс каде имаше скромна минутажа и учинок од 2.1 поени и 2 скока.

 

За Раким Крисмас ова е прва авантура надвор од САД откако претходно настапуваше во НБА и НЦАА лигите.