Манчестер Јунајтед продолжува да гази


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По Вест Хем кој во првото коло на „Олд Трафорд“ беше поразен со 4:0, во второто коло од новата сезона во Премиер Лигата со идентичен резултат пред Манчестер Јунајтед падна и Свонси.

Иако се уште е рано, доколку избраниците на Мурињо продолжат вака со сигурност ќе бидат главни фаворити за освојување на Премиер Лигата оваа сезона.

Првиот гол за Манчестер Јунајтед го постигна Ерик Бејли во самиот финиш од првиот гол. Ова беше прв погодок во дресот на „Црвените Ѓаволи“ за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.

За следниот гол се чекаше нешто подолго. Иако Манчестер Јунајтед диктираше темпо, вториот гол го постигна дури во 80 минута преку Ромелу Лукаку. Потоа само две минути подоцна на 3:0 зголеми Погба, а конечниот резултат го постави Марсијал во 86. минута.