Клиперс најдоа кандидат за нов генерален менаџер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Лос Анџелес Клиперс изминатиот месец беа во потрага по нов генерален менаџер на тимот, откако од функцијата беше разрешен Док Риверс. Како единствен кандидат за слободното место се споменува Мајкл Вингер.

 

Вингер е актуелен асистент генерален менаџер во тимот на Оклахома Сити Тандер, но Клиперси веруваат дека ќе го убедат да се пресели во Лос Анџелес со доволно богата понуда. Тој ги помина последните 7 години на истата функција во Оклахома.

Од ESPN известуваат дека договор помеѓу двете страни ќе се случи “многу наскоро”.

 

Лос Анџелес Клиперс го реформираат тимот целосно откако замина Крис Пол а прв потег на раководството беше да му ја одземе функцијата генерален менаџер на актуелниот тренер Док Риверс, кој во минатите три години ги вршеше двете функции паралелно.