Везенков, Томиќ и Сандерс се приклучија на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Саша Везенков, Анте Томиќ и Раким Сандерс денеска се приклучија на припремите со тимот на Барселона.

 

По една недела тренирање со младинскиот тим, дуото составено од Анте Томиќ и Раким Сандерс денеска конечно се приклучи на тренинзите на Барселона и двајцата заедно со уште неколкумина играчи ќе бидат дел од тренинг-кампот на каталонскиот тим.

Саша Везенков пак настапуваше за репрезентацијата на Бугарија во претквалификациите за Светското Првенство и таму постави солидни бројки од 16.8 поени и 10.8 скокови по натпревар во четирите натпревари кои ги одигра.

“Се чувствувам одлично што сум назад во Барселона. Летово беше напорно и имав малку време за одмор, но најбитно е да тренирам и да напредувам од ден во ден.” – изјави Везенков.