Традиционален осми по ред риболовен турнир во Радовиш


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И оваа година по 8-ми пат Риболовниот клуб Крап од Радовиш го организираше традиционалниот Интернационалниот КУП-натпревар во спортски риболов во дисциплината Пливка, кој се одржа на езерото Мантово во Радовиш.

На овој натпревар кој беше под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов учествуваа 11 екипи од Македонија и Србија, а најдобро пласирани беа натпреварувачите од екипата на Трофеј од Струмица, втори беа гостите Наис, од Ниш, Србија, додека третото место го освоија натпреварувачите од Бабуна, Велес.

Во поединечен пласман најдобар беше Душан Живојновиќ во Наис, Ниш Србија, втор беше Предраг Џорџевиќ исто така од екипата на Наис, Ниш Србија, додека со третото место се закити Коцев Слободан од Трофеј, Струмица.

Наградите и признанијата за најдобрите ги додели Градоначалникот на Општина Радовиш  Сашко Николов и Советникот за спорт и култура при Елс општина Радовиш Игор Чапов.

 

Победници во екипна конкуренција
1-во место – ТРОФЕЈ Струмица
2-ро место – НАИС Ниш, Србија
3-то место – БАБУНА Велес

Победници во поединечна конкуренција
1-во место – Душан Живојновиќ, НАИС Ниш, Србија
2-ро место – Предраг Џорџевиќ, НАИС Ниш, Србија
3-то место – Коцев Слободан, ТРОФЕЈ Струмица