Македонските борачи на Светско првенство во Париз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во периодот 23-27 Август 2017 година, најдобрите македонски борачи Елмедин Сејфулау, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе учествуваат на Светското првенство во борење (слободен стил), во Париз (Франција).

Македонскиот олимписки комитет во целост ги покри сите финансиски трошоци на ФБСМ за учество на најдобрите македонски борачи на ова Светско првенство.

За време на ова СП ќе се одржи и конгрес на UWW на кој ќе учествуваат претседателот и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов кои ќе се обидат да добијат нова помош од UWW и да добијат организација на меѓународен боречки настан во Македонија.

Сите ние, заедно, веруваме дека најдобрите македонски борачи ќе го пружат своето најдобро и дека ќе постигнат забележителен резултат на СП во борење-слободен стил.