Металург убедлив против Пелистер во Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Металург славеше убедлива победа против битолски Пелистер во контролен натпревар одигран во салата „Билјанини Извори“.

Избраниците на Лино Червар со 33:23 славеа против битолчани и со тоа ја покажаа дека се за класа подобри од пелистерци.

Најефикасен во редовите на Металург беше Вања Илиќ со осум погодоци, додека Ангелиќ и Кузмановски по четири пати ја затресија мрежата на Пелистер.

За утре Металург има закажано нов контролен натпревар.