Младите играчи во Чикаго “не можат да го поднесат” Вејд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Додека од Кливленд се убедени дека Двејн Вејд ќе си го откупи договорот и ќе дојде да игра за нивниот тим, ситуацијата во Чикаго помеѓу младите играчи и Вејд “врие” како и на крајот на минатата сезона.

 

Американските медиуми во последно време излегоа со информации дека младите играчи од тимот на Чикаго Булс немаат трпение за Двејн Вејд, а вчера новинарот на ESPN, Ник Фридел, на ТВ-емисијата The Jump кажа уште нешто кое додава на целата приказна.

“Младите играчи во Чикаго не можат да го поднесат Двејн Вејд, тоа не е тајна туку е познато од многу одамна.” – рече Ник Фридел.

 

Проблемот настана во средина од минатата сезона, кога тимот на Чикаго Булс изгуби 7 од 11 натпревари а Џими Батлер и Двејн Вејд ги нападнаа младите играчи дека “не се грижат доволно за да победуваат”.