Горан Драгиќ ќе се пензионира од репрезентацијата по ЕвроБаскет 2017


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Еден од најдобрите словенски играчи на сите времиња, и можеби најдобриот словенски плејмејкер во модерната историја, најави дека ќе се пензионира по претстојниот ЕвроБаскет.

 

Горан Драгиќ на својот Твитер профил денеска објави соопштение до сите фанови дека се повлекува од репрезентативната кошарка по крајот на ЕвроБаскетот кој почнува последниот ден од август.

 

 

Кошаркарот на Мајами Хит има убави спомени од националниот дрес, посебно со младинските генерации во чиј дрес го освои златниот медал на Светското Првенство за играчи помлади од 20 години.