Пол Џорџ: “На Оклахома ќе и го дадам најдоброто од себе”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Голем број на преселби се случија летово во НБА лигата а една од најголемите е токму онаа на Пол Џорџ во Оклахома. Откако играчот дојде во новиот клуб, го следат безброј потенцијални сценарија за иднината наметнати од медиумите.

 

Пол Џорџ немаше многу што да каже за скорешниот скандал помеѓу неговиот бивш тим Индијана Пејсерс и неговата потенцијална идна дестинација Лос Анџелес Лејкерс, но имаше неколку охрабрувачки зборови за фановите на Оклахома Сити Тандер.

“Немам одлучено ништо за следната сезона, тоа останува да видиме. Оваа сезона сум играч на Оклахома и мојата должност е да го дадам најдоброто од себе, па за во иднина ќе видиме што ќе се случи.” – изјави Џорџ.

 

Веќе долго време се шпекулира за можниот премин на Пол Џорџ во Лејкерси по крајот на неговиот договор следната сезона а не е тајна ниту дека тимот од Лос Анџелес ќе биде еден од ретките кои ќе има доволно место во селари-кеп за да ја намами оваа супер-ѕвезда во своите редови.