Јувентус се пофали со Игуаин, но сега главно прашање – Пол Погба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бомба стигна, дали друга ќе замине?

Челникот на Јувентус Џузепе Марота потврди денеска дека шампионот на Италија ги поднесе потребните документи за транфер на фудбалерот на Наполи Гонзало Игуаин, додека на сајтот на клубот е истотака потврден трансферот на Аргентинецот.

Јувентус плати оштета од 90 милиони евра за 28-годишниот напаѓач кој во минатата сезона даде 36 голови за Наполи во Серија А, што е нов рекорд во лигата. Тој во 94 настапи за Наполитанците даде 71 гол.

„Го поднесовме договорот со Игуаин. Се е завршено“, рече Марота.

Игуаин потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува осум милиони евра по сезона.

Истовремено, Марота од страна на новинарите е запрашан за статусот на Пол Погба.

„Погба во Јунајтед? Ќе видиме што ќе се случи до крајот. Моментално е се стопирано“, потврди Марота.