Сиксерси “собраа” шампионско искуство со нивниот нов центар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Тимот на Филаделфија Сиксерс конечно по долги години, се очекува да биде конкурентен и да се бори за место во плејофот. А за да го направи тоа, им треба секоја помош која може да ја најдат.

 

Филаделфија Сиксерс ја појачаа ротацијата под кошевите со поранешниот играч на Голден Стејт Вориорс, Џејмс Мајкл Мекаду. Играчот потпиша едногодишен договор со Сиксерси и во наредната сезона ќе биде користен како замена за Џоел Ембиид и Џалил Окафор.

 

Мекаду беше дел од шампионскиот состав на Вориорс во 2015 година.