Хамилтон пред Фетел во Белгија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон стигна до петтата победа оваа сезона откако славеше на Големата награда на Белгија.

На легендарната патека „Спа“  Хамилтон ја запиша својата 58. победа во кариерата завршувајќи пред Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо.

Четвртата позиција му припадна на Кими Раиконен кој на десетина круга пред крајот успешно го мина вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Фетел останува лидер во генералниот поредок со 220 бодови пред Хамилтон кој има 213 и Ботас кој заостанува зад водечкиот двоец и има 179 бода.